Меѓународни односи со меѓународна полициска соработка
Основи на безбедност
Еколошка безбедност
Колективни системи за безбедност
Хумана безбедност
Меѓународни односи
Меѓународна заштита на животната средина
Цивилна заштита
CV
Реферат за избор на наставник
Одлука за избор на наставник-ННС
Одлука за избор на наставник-УКЛО
д-р Александар Иванов е роден на 19.08.1986 година во Скопје. Средното образование го завршува во ДСЕПУ „Васил Антевски – Дрен“ во Скопје. Во 2005/06 година се запишува на Полициската академија во Скопје, дипломира со просек 9,66 и во 2008 година се стекнува со звање Дипломиран криминалист.
Во учебната 2008/09 година се запишува на последипломските студии на Полициската академија (сегашен Факулет за безбедност). Последипломските студии ги завршува со просек 9,33, а во мај 2011 година магистрира на тема „Инспекциски надзор во заштита на животната средина во Република Македонија – со посебен осврт на Државниот инспекторат за животна средина“ (73 869 зборови) под менторство на вон. проф. д-р Искра Аќимовска – Малетиќ.
На 17.10.2013 г. кандидатот Иванов успешно го одбрани докторскиот труд на тема „Заштитата на животната средина во остварување на безбедноста во Република Македонија – теоретски, нормативни и институционални аспекти“ (112 175 зборови) на Факултетот за безбедност-Скопје и со Одлука од 17.10.2013 година се стекнал со научен степен доктор на науки од областа на безбедноста под менторство на вон. проф. д-р Марина Малиш – Саздовска.
Покрај наставно- образовниот процес д- р Александар Иванов активно бил вкл учен во научно- истражувачкиот процес при што учествувал ка ко истражувач на повеќе дома шни и меѓународни истражувања. Исто така д-р Александар Иванов во текот на неговото стручно и научно усовршување посетувал и активно се вклучувал во повеќе проекти, работилници, учествувал со свое учество и излагање на домашни и меѓународни конференции.
На 31.01.2014 г. Иванов е избран за доцент во полето „Безбедност“, научна област „Друго“ (51 610).
д -р Александар Иванов солидно зборува, чита англиски и српски јазик. Разбира бугарски јазик. Исто така одлично се користи до Microsoft Office, Microsoft Windows (XP, Vista, 7, 8) системот и активно ги употребува статистичкиот софтвер SPSS.
вторник 10:00-12:00.
четврток 10:00-12:00.
консултации во договор со професорот online (MS Teams и Google Meet) секој работен ден