СТУДЕНТСКА СТРУЧНА КОНФЕРЕНЦИЈА
„Евро-атланската перспектива на Република Македонија – демократија, владеење на правото, слободи, безбедност и стандарди во Европската Унија“

За конференцијата

Студентската стручно - научна конференција треба да придонесе и биде облик на анимација на студентите за подобрување на стручната, креативната и истражувачката активност, преку прилози, есеи, анализи и низ дебата да се одговори на прашањата што предизвикуваат интерес во научната и општествената јавност.
На Конференцијата низ отворена и аргументирана дебата треба да се актуализира расправата за евро-атланската перспектива на Република Македонија, односно, за владеењето на правото и слободите како демократски вредности на кои се потпира безбедносната основа на модерното општество. Генерацијата млади, која е во студентските клупи, објективно е генерацијата која својата енергија и младост ќе ја вгради во европското семејство на демократски општества и ќе биде втемелувачот на македонскиот модел на демократско живеење.
Токму затоа е важно, сегашната генерација и генерациите студенти што ќе доаѓаат да се инспирираат од европските вредности и да создаваат практики во духот на тие вредности.
За таа цел Факултетот за безбедност се определува да организира студентска научно- стручна конференција во АПРИЛ 2019 година на тема: „Евро-атланската перспектива на Република Македонија - демократија, владеење на правото, слободи, безбедност и стандарди во Европската унија“.
На тој начин Факултетот за безбедност - Скопје ја поттикнува студентската творечка енергија и создава претпоставки за градење на подмладок и го зајакнува истражувачкиот дух кај младите.