Студиската
програма безбедност и предметните програми во нејзин состав ја одразуваат сета
широчина, сложеност и разнородност на безбедносните проблеми, со зафаќање на
основите и особено етиологијата и феноменологијата на безбедноста и
безбедносните појави како основ за креирање безбедносни проценки, прогнози и
политики и на тој основ градење на стратегии од значење за државата и
општеството во целост.
Конципираните
предметни програми ќе бидат заокружена целост од одредена безбедносна
стварност, безбедносна појава или група безбедносни појави со јасна теоретска и
методолошка втемеленост.
Студиската
програма по Безбедност на студентите им нуди можност за специјализирање на
нивните знаења во рамките на три потесни подобласти на безбедноста:
Управувањето со кризи, Националната безбедност и Интегралната безбедност.
Потесното насочување во насоките на студентите е од петти семестар. Во рамки на
сите насоки (студиски години), студентите ќе реализираат практична и клиничка
настава во соодветните институции во државниот и приватниот сектор.
Години и семестри на
траење на студиската програма
Студиската програма по Безбедност е
во траење од 4 години, односно 8 семестри.
ЕКТС кредити со кои се стекнува студентот
Студентот со дипломирањето се стекнува со 240 ЕКТС
кредити.
СТУДИСКА ПРОГРАМА - (2013 - 2017)
СТУДИСКА ПРОГРАМА - (2018 - 2022)
Решение за почеток со работа на студиската програма