СПЕЦИЈАЛИСТИЧКИ СТРУЧНИ СТУДИИ ОД ВТОР ЦИКЛУС БЕЗБЕДНОСТ

Вид на студиската програма (академски или стручни студии)

Специјалистичката студиска програма овозможува стекнување специјалисточко стручно знаење и вештини за работа во:

 сите носители во Безбедносниот систем на РМ (Претседател на РМ, Влада на РМ, Министерство за внатрешни работи, Министерство за одбрана на РМ, Министерство за надворешни работи, Агенција за разузнавање, ЦУК, ДЗС итн);

 научни установи/истражувачки центри за фундаментални и применети истражувања и анализи (квантитативни и квалитативни);

 секторите за евроатлантски интеграции при државните органи и единиците на локалната самоуправа;

 локалната заедница;

 домашни и странски владини и невладини организации;

 институциите на ЕУ;

 НАТО канцелариите и институциите;

Специјалистичката студиска програма по безбедност ги оспособува студентите за вршење дејности во безбедноста, како и во науката и високото образование, преку развој и примена на стекнатите научни и стручни знаења и достигнувања.

Услови за запишување

На специјалистички студии – стручни студии од втор циклус безбедност може да се запишат кандидати под услови и начин определени со Законот за високо образование и општите акти на Универзитетот „Св. Климент Охридски” – Битола кои имаат завршено основни стручни или основни академски студии каде постигнале најмалку 180 ЕКТС кредити. Во таа смисла на оваа студиска програма можат да се запишат лица што завршиле прв циклус тригодишни студии.

Приоритет за упис може да се даде на кандидатите кои имаат завршено на студиската програма Безбедност и финансиска контрола (тригодишни студии) на Факултетот за безбедност-Скопје и другите студиски програми на Факултетот за безбедност-Скопје и други Факултети за безбедност и сродни студиски програми на УКИМ, УКЛО, УГД, Универзитетот на ЈИЕ, Државниот Универзитет во Тетово, ФОН Универзитетот, Европскиот Универзитет, МИТ Универзитетот и др. Досега на студиската програма безбедност и финансиска контрола имаат дипломирано 149 студенти на Факултетот за безбедност-Скопје, а бројот на дипломирани студенти е голем и на другите факултети со 3 (три) годишни студии од прв циклус од областа на безбедноста, хуманистичките науки и други сродни науки.  На повеќе Универзитети во земјата и странство меѓу нив и на Универзитети кои се наоѓа на Шангајската листа на светските Универзитети веќе се одвиваат специјалистички студии од втор циклус, а се од друга или слична област. Програмата предвидува пет задолжителни предмети и група на изборни предмети (3 изборни), по успешното полагање на испитите, студентите треба да напишат и бранат специјалистички труд согласно Законот за високо образование на РМ и Правилникот за условите, критериумите и правилата за запишување на втор циклус на студии на Универзитетот „Св.Климент Охридски„-Битола.

Критериумите за запишување и начините на рангирање на пријавените кандидати за упис на студии од втор циклус се дефинираат во Конкурсот за упис на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола.

Цел и оправданост за воведување на студиската програма по безбедност

Студиската програма за специјалистички студии – стручни студии од втор циклус по безбедност профилира кадри во согласност со концептот на модерното универзитетско образование за непосредно поврзување на теоријата и практиката, според кој студентите се стекнуваат со знаења и вештини за работење во институциите и агенциите кои се занимаваат со безбедноста. Потребата од ваков профил на кадри во Република Македонија е и во иднина ќе биде уште поактуелна, пред сé поради фактот што самата безбедност и ризиците се многу важни за развојот на македонското општество. Овој процес ја актуализира континуираната потреба за високо - стручни кадри со сеопфатни теоретски и

практични познавања од наставните дисциплини што се изучуваат во студиската програма по безбедност. Со студиската програма за специјалистички студии – стручни студии од втор циклус безбедност се одговара на образовните потреби и времето во кое живееме, но и на потребите за стекнување сеопфатни знаења во доменот на безбедноста. Студиската програма се потпира врз повеќе групи на научни дисциплини кои на студентот ќе му обезбедат специјализација во полето на безбедноста.

Години и семестри на траење на студиската програма

Студиската програма за специјалистички студии – стручни студии од втор циклус безбедност е во траење од 1 годинa, односно 2 семестри.

ЕКТС кредити со кои се стекнува студентот

Студентот по одбраната на специјалистичкиот труд стекнува со 60 ЕКТС кредити.

СТУДИСКА ПРОГРАМА



Водич за зимски семестар:
Водич за летен семестар: