Студиската програма по Криминологија и криминална политика акцентот во апликативното и теориското проучување на криминалитетот го става на превенцијата на криминалитетот како еден од клучните предуслови за планирањето во процесот на креирање на криминалната политика од страна на надлежните институции од еда страна, но и во функција на планирање и спроведување на оперативните мерки за детектирање и откривање на криминалитетот од страна на надлежните безбедносни служби. Фактот што во студиската програма се изучуваат повеке научни дисциплини за превенцијата (превенција на социопатолошките појави, Превенција на конвенционалниот криминалитет, Превенција на современите облици на криминал, Девијантноста и социјалната контрола), зборува за суштинскиот пристап во образувањето и остручувањето на кадрите кои ќе се занимаваат со проучувањето, откривањето и сузбивањето на криминалитето.

Студиската програма Криминологија и криминална политика е препознатлива, односно е споредлива со повеќе студиски програми на високообразовни институции во земјите на Европската Унија што создава претпоставки и услови за мобилноста на студентите, како во текот на нивното студирање, така и во однос на можноста за нивно перспективно вработување во овие земји и нивните институции.

Години и семестри на траење на студиската програма

            Студиската програма КРИМИНОЛОГИЈА И КРИМИНАЛНА ПОЛИТИКА е во траење од 4 години, односно 8 семестри.

ЕКТС кредити со кои се стекнува студентот

            Студентот со дипломирањето се стекнува со 240 ЕКТС кредити.

СТУДИСКА ПРОГРАМА




Водич за зимски семестар:
Водич за летен семестар: