На Факултетот за безбедност како високообразовна и
научно-истражувачка институција во областа на криминалистиката, безбедноста и
заштитата, се спроведува високообразовна, научно-истражувачка и применувачка
дејност, како и континуирано образование и обука. Со реализирањето на современи
студии, Факултетот за безбедност го осмислува до крај своето постоење, ја
заокружува својата физиономија на наставно-научна и истражувачка институција од
областа на безбедноста и борбата против криминалитетот со што ги оправдува
општествените потреби за нејзиното основање.
Основна
цел на студиите (за стручно и научно усовршување – прв степен, и мастер –
втор циклус на студии од областите на криминалистиката, е поставување на
национален систем на образование што ќе биде конститутивен и компатибилен со
меѓународно признатите стандарди во тие области.
Посебна цел на студиите е оспособување на високостручни и
компетентни кадри за работа во институции и служби од соодветната област, како
и научно-истражувачка и наставно-образовна работа во областа на
криминалистичко-криминолошките и безбедносните науки.
СТУДИСКА ПРОГРАМА