Насоката Безбедност и
финансиска контрола ќе профилира кадри кои, во согласност со концептот на
модерното универзитетско образование за непосредно поврзување на теоријата и
практиката, ќе се стекнат со знаењаивештини
за:
-
современите општествено - економски развојни процеси и перспективи;
- создавањето на капиталот по пат на
експлатација на средствата и трудот и создавањето добивка, профит;
- менаџирање со материјалните и финансиските
вредности, со акцент на нивната контрола;
- општествените противречности, конфлкти и
други облици на деструкции кои го дестабилизираат и рушат политичкиот,
економскиот и финансискиот систем преку злоупотреба и различни видови на
криминалитет и
- формите и начините за превентивно и
репресивно делување со цел попречување и сузбивање на споменатите појави.
Мисијата на
студиите е научно спознавање и обука во
областа Безбедност и финансиска контрола со етаблирање на стандарди и нормативи
на Европскиот образовен систем.
СТУДИСКА ПРОГРАМА