Знаење и разбирање
стекнување  знаења за факторите кои влијаат на динамиката и квалитетот на евроатлантските интеграции и безбедноста;
знаење за раководење и учество во научни, стручни и апликативни проекти за идентификација и поставување на проблем;
стекнуваат знаења за примена на методите и техниките за анализа и евалуација на интеграциските процеси;
стекнуваат знаења за методите за анализа на поврзаностa на причините и последиците во контекст на динамиката на евроатланстките процеси и безбедноста;
стекнување знаења за обврските на националните законодавства и институциите во имплементирањето на критериумите и условите за членство во ЕУ и НАТО;
стекнување знаења за капацитетите на институциите надлежни за имплементација на условите за члентство во ЕУ и НАТО;
разбирање на целите и функциите на евроатлантските интеграциски процеси и нивниот придонес кон националната и глобалната безбедност;
Примена на знаењето и разбирањето
примена на теоретски концепти, модели, рамки, алатки и техники кои ја поттикнуваат креативноста во проучувањето на евроатлантските интеграции и безбедноста;
примена на соодветни практични концепти, методи, техники и комуникациски вештини во пружање помош и поддршка на органите и телата во министерствата органита на локалната самоуправа; 
анализа на улогата на човечките ресурси за постигнување на ефикасност на надлежните институции во процесот на евроатлантските интеграции;
анализа на улогата на динамиката во имплементирањето на условите за членство во ЕУ и НАТО во контекст на општествено-политичките и социо-економските состојби;
примена на алатки и техники за менаџирање со проекти од програмите и фондовите на ЕУ и НАТО;
примена на методи за евалуација на институционалните капацитети, предностите и слабостите во процесот на интегрирање во ЕУ и НАТО;
Способност за проценка
способност за идентификација на предностите и слабостите на институциите во процесот на интегрирање во ЕУ и НАТО;
способност за оцена на реформскиот процес во областа на безбедноста како еден од клучните столбови на евроатлантските интегративни процеси; 
способност за оцена на влијанието на внатрешните и надворешните фактори кои влијаат позитивно или негативно врз динамиката и квалитетот на интеграциите;
развива способност да ги евалуираат и проценат идеите за иницирање проекти со европски предзнак;
способност  критички и систематски да ги интегрираат и применуваат знаењата  со цел да обезбедат зголемување на ефикасноста на институциите надлежни за спроведување на процесот на преговори за членство во ЕУ и НАТО;
проценка на слабостите на институциите во однос на менаџирањето со човечките ресурси како еден од предусловите за квалитетно разбирање и имплементирање на обврските за членство во ЕУ и НАТО;
способност за оцена  на  развојната тенденција на институциите за креирање на иднина базирана на знаење и континуирано усовршување на вештините за управување со ресурсите;
- комуникациски вештини
стекнува вештини да комуницира ефективно со користење на соодветни  аргументи во извештаите, презентациите и дебатите од областа на евроатлантските интеграции и безбедноста;
способности за професионален пристап во процесот на имплементацијата на стандардите и критериумите за членство во ЕУ и НАТО;
спремност за професионален однос при размена на податоци и заклучоци во функција на градење стратегии за решавање на сложени безбедносни ситуации за примена на правото на ЕУ;
вештини за функционирање и комуницирање во сложени ситуации помеѓу институции и тела на национално и меѓународно ниво;
-вештини на учење
развива критичко мислење;
развивање на позитивистички пристап;
развива аналитички пристап во проучувањето и истражувањето на безбедноста и евроатлантските интеграции;
применува научно верификувани методи и техники за истражување на безбедноста и интегративните процеси;
развива стратегиско размислување;
синтетизира информации и извлекува заклучоци;





Водич за зимски семестар:
Водич за летен семестар: