На Факултетот за безбедност како високообразовна и научно-истражувачка институција во областа на безбедноста, криминалистиката, криминологијата, форензиката, безбедноста и финансиската контрола се спроведува високообразовна, научно-истражувачка и применувачка дејност, како и континуирано образование и обука.
 Со реализирањето на современи студии, Факултетот за безбедност го осмислува до крај своето постоење, ја заокружува својата физиономија на наставно-научна и истражувачка институција од областа на безбедноста и др. со што ги оправдува општествените потреби за нејзиното основање.
Врз основа на резултатите од анализа на потребите на безбедносниот систем на Република Македонија и утврдувањето на дефицитарните занимања, односно занимањата кои се актуелни и/или ќе бидат барани во иднина, актуелните студски програми оставаат простор за формулирање и воведување на нови програми и наставни целини структурирани начин кој ќе одговори на реалните пртреби за профилирање на високи кадри од областа на безбедноста. 
Токму спецификацијата на дефицитарните занимања, односно расположливите можности за вработување, но и заработката, покрај напредокот во кариерата и личното задоволство од работата, се детерминирани основни критериуми при избор на понатамошното високо образование од страна идните студенти на сите циклуси, но и како референтна точка за идентификување на потребите за воведување на нови содржини во високото образование.
Овие студии се мултидисциплинарни и се економски, политички, правни, етички, информатички, животната средина, хуманитарни и други аспекти на проучување на феноменот на безбедноста и управувањето со кризи.
Поаѓајќи од длабоките општествени, економски, културни и безбедносни промени кои се случија во последниве две децении, се наметнува потребата од преобразба и приспособување на студиските и наставните програми во насока на научно опфаќање на сè посложената безбедносна стварност кај нас и во светот.  Од друга страна, ваквите промени нужно условуваат и прилагодување на студиските и наставните програми кон актуелните и идните потреби на општеството и државата од високообразовен кадар од областа на безбедноста.  Со трансформацијата на поранешната Полициска академија во сегашниот Факултет за безбедност, беше наследена и студиската програма криминалист, која пред сè е моделирана да одговори на потребите за школување на академски кадар за таквата поставеност на односите на тогашниот субјект Полициска академија и потребите од високообразовен кадар, пред сè за потребите на јавната и државната безбедност.  Во меѓувреме, започнаа да се јавуваат и да добиваат на значење нови безбедносни појави и области кои нужно бараат и соодветна научна обработка и истражување.  Меѓу таквите концепти се секако безбедносната превенција, приватната безбедност, граѓанската безбедност, регионалната и меѓународната безбедност, безбедносното право, глобализацијата, новите безбедносни ризици, закани и загрозувања и сите други безбедносни појави кои не беа познати или не беа толку афирмирани во науките од областа на безбедноста.  Тоа пак од својата страна подразбира можност, но и обврска на Факултетот за безбедност-Скопје, како најповикана високообразовна државна институција од областа на безбедноста соодветно да ги следи и проучува овие појави и со тоа да дава придонес кон нивното соодветно научно разбирање и имплементација на најновите научно-стручни сознанија од областа на безбедноста за доброто на поединците, општеството и државата.Преку тоа, Факултетот за безбедност-Скопје уште еднаш ќе се рефирмира пред домашната и пошироката научна јавност како високообразовна институција која се развива во чекор со развојот на безбедноста воопшто како сеопфатна општествена појава и нејзините разнородни манифестации и видови посебно. 
Основна идеја ни беше создавањето студиска програма во која место ќе најдат веќе афирмираните безбедносни појави и проблеми разработени низ посебни предметни програми, но истовремено и свежината на новите предметни програми, со вклучување на оние кои ги нема на сличните високообразовни иституции кај нас, а се среќаваат во соодветните високообразовни институции во светот; тоа би требало во иднина да биде препознатливост на студиската програма безбедност на Факултетот за безбедност во земјава и во странство.
Студиската програма безбедност и предметните програми во нејзин состав ја одразуваат сета широчина, сложеност и разнородност на безбедносните проблеми, со зафаќање на основите и особено етиологијата и феноменологијата на безбедноста и безбедносните појави како основ за креирање безбедносни проценки, прогнози и политики и на тој основ градење на стратегии од значење за државата и општеството во целост.
Конципираните предметни програми ќе бидат заокружена целост од одредена безбедносна стварност, безбедносна појава или група безбедносни појави со јасна теоретска и методолошка втемеленост.
Студиската програма по Безбедност на студентите им нуди можност за зголемување на нивните знаења во рамките на потесните насоки на безбедноста: Национална безбедност, разузнавање и контраразузнавање; Меѓународна безбедност и геополитика; Безбедност, право и полиција; Безбедност, тероризам и организиран криминал; Безбедносен менаџмент, креирање на јавни безбедносни политики и приватна безбедност.




Водич за зимски семестар:
Водич за летен семестар: