стекнување  знаења за факторите кои влијаат на безбедноста и функционирањето на институциите во безбедносниот систем;
знаење за раководење и учество во научни, стручни и апликативни проекти за идентификација и поставување на проблем;
стекнуваат знаења за примена на методите и техниките за анализа и евалуација на безбедносните процеси, состојби и институции;
стекнуваат знаења за методите за анализа на причинско-последичните врски помеѓу општествените појавите, процеси и безбедноста;
стекнување знаења за обврските на националните законодавства и институциите во безбедносниот систем во процесот на евроатлантски интеграции;
стекнување знаења за капацитетите на институциите надлежни за имплементација на условите за члентство во ЕУ и НАТО;
разбирање на целите и функциите на институциите од областа на безбедноста во функција на одржување и обезбедување на националната безбедност;
Високо специјализирано знаење кое е во полето на безбедносните науки;
База на оригинално мислење или истражување:
Подигање на критичка свест за знаењето во полето на безбедноста.
Покажува знаење и разбирање за научното поле и областите на безбедноста кое се надградува врз првиот циклус, применувајќи методологии соодветни за решавање сложени проблеми, како на систематски, така и на креативен начин, што обезбедува основа или можност за оригиналност во изнаоѓањето или примената на автономни идеи во контекст на истражувањето; може да дефинира појави и процеси од областите на управувањето со кризи и безбедноста; да ги сумира резултатите од истражуваните појави и процеси; да ги препознава појавните облици и согласно тоа да го подготвува и пишува планот за спротивставување на таа појава и процес; да може да ги репродуцира добиените информации и податоци и да пишува извештаи за безбедносни и кризни појави и процеси, да може да ги класифицира разузнавачките информации, да ги илустрира разузнавачките информации преку различни модели на безбедносна соработка, прикажување заради добивање на систематичност во воспоставената комуникација на соодветното ниво. 
Покажува способност за употреба на проширено и продлабочено знаење и покажува високо ниво на професионална компетентност во областа на безбедноста.
Високо ниво на знаење од областа безбедноста, вклучително детални знаења за пооделните функциии и нивната примена во реални ситуации.
Знае и разбира како кризниот менаџмент е поврзан со стратегијата за безбедност и општо безбедносните политики. Знае да направи екстерна и интерна стратегиска евалуација и да креира стратегија за управување со кризи што ќе придонесе за целосната безбедносна политика.
Разбира и може да примени методологии соодветни за решавање сложени проблеми во безбедносните системи од аспект на кризниот менаџмент, стратегиски менаџмент, оперативен менаџмент,менаџмент на квалитет.
Поседува систематизирано знаење, за безбедноста, како и со другите поврзани предметни области од безбедносните науки, што обезбедува основа или можност за оригиналност во развивањето и примената на автономни идеи во контекст на истражувањето на областа.
Поседува знаење од безбедносните науки и специфично од областа кризниот менаџмент кое се базирано на најреномирани меѓународни истражувања во тоа научно поле.
Знае да креира емпириско истражување со соодветна употреба на методологија и има познавање на сите фази на истражувачкиот процес (подготовка, реализација, толкување на резултатите и пишување на истражувачки извештај)




Водич за зимски семестар:
Водич за летен семестар: