Ø  Знаење и разбирање

-        Високо специјализирано знаење кое е во полето на безбедносните и организационите науки со посебен осврт кон кризниот менаџмент;

-        База на оригинално мислење или истражување:

-        Подигање на критичка свест за знаењето во полето на безбедноста/кризен менаџмент

-        Покажува знаење и разбирање за научното поле и областите на безбедноста кое се надградува врз првиот циклус, применувајќи методологии соодветни за решавање сложени проблеми, како на систематски, така и на креативен начин, што обезбедува основа или можност за оригиналност во изнаоѓањето или примената на автономни идеи во контекст на истражувањето; може да дефинира појави и процеси од областите на управувањето со кризи и безбедноста; да ги сумира резултатите од истражуваните појави и процеси; да ги препознава појавните облици и согласно тоа да го подготвува и пишува планот за спротивставување на таа појава и процес; да може да ги репродуцира добиените информации и податоци и да пишува извештаи за безбедносни и кризни појави и процеси, да може да ги класифицира разузнавачките информации, да ги илустрира разузнавачките информации преку различни модели на безбедносна соработка, прикажување заради добивање на систематичност во воспоставената комуникација на соодветното ниво.

-        Покажува способност за употреба на проширено и продлабочено знаење и покажува високо ниво на професионална компетентност во областа на безбедноста.

-        Високо ниво на знаење од областа управување со кризи и безбедноста, вклучително детални знаења за пооделните функциии и нивната примена во реални ситуации.

-        Знае и разбира како кризниот менаџмент е поврзан со стратегијата за безбедност и општо безбедносните политики. Знае да направи екстерна и интерна стратегиска евалуација и да креира стратегија за управување со кризи што ќе придонесе за целосната безбедносна политика.

-        Разбира и може да примени методологии соодветни за решавање сложени проблеми во безбедносните системи од аспект на кризниот менаџмент, стратегиски менаџмент, оперативен менаџмент,менаџмент на квалитет.

-        Поседува систематизирано знаење, за областа управување со кризи, како и со другите поврзани предметни области од безбедносните науки, што обезбедува основа или можност за оригиналност во развивањето и примената на автономни идеи во контекст на истражувањето на областа кризниот менаџмент.

-        Поседува знаење од безбедносните науки и специфично од областа кризниот менаџмент кое се базирано на најреномирани меѓународни истражувања во тоа научно поле.

-        Знае да креира емпириско истражување со соодветна употреба на методологија и има познавање на сите фази на истражувачкиот процес (подготовка, реализација, толкување на резултатите и пишување на истражувачки извештај)

 

Ø  Примена на знаењето и разбирањето

-        Вештини специјализирани за разрешување на проблеми, кои се потребни при истражување или иновација за да се изгради ново знаење или процедури и да се интегрира знаењето од различни области.

-        Способност за критичко, независно и креативно решавање на проблеми во нови, непознати услови и во мултидисциплинарен контекст, но сепак во доменот на безбедносните науки, како и за реализација на независно истражување во истите области; да ги толкува безбедносните појави и процеси од кризниот менаџмент, да ги предвидува методите, средствата и начините на реализацијата на загрозувањето на интегралната безбедност од различни поединци, групи и држави, да ги пронаоѓа најадекватните мерки за спречување, оневозможување и прибирање на материјал за докажување на истите.

-        Оригиналност и креативност во примена на знаењето, како и практично разбирање за функционирањето на постојните техники за истражување и испитување, кои што се користат за креирање и толкување на знаењето во полето на безбедноста.

-        Има способност да ги препознава трендовите во безбедноста и нивното влијание врз стартегијата за управување со кризи.

-        Ги развива стратегиите за управување со кризи врз основа на стекнатите знаења, така што ќе придонесат за безбедносната политика.

-        Способност да ја обликува и развива безбедносната култура преку фацилитирање на промените со креирање решенија за подобро прилагодување на настаните.

-        Способност за критичко, независно и креативно решавање проблеми од областа на безбедноста особено оние од стратешка природа.

-        Употреба на технологија за управување со кризи и безбедноста, како и за водење и креирање на безбедносна политика.

-        Знае да применат мерила за успехот на ресурсите на безбедносниот систем во организацијата со користење аналитички мерки.

-        Способност да спроведе конкретни истражувања во организацијата за управување со кризи и безбедноста.

-        Способност практично да го примени теоретското знаењето во организации кои се дел од безбедносниот систем (национални и мултинационални)

-        Знае да ги примени стандардите и законските одреби од областа на безбедноста, политичкиот систем, кризата и кризните состојби и да примени критичка евалуација на фактите за решавање на безбедносни проблеми.

 

Ø  Способност за проценка

-        Способност за интегрирање и синтетизирање на знаења од областите на меѓународните безбедносни појави и процеси со креативност во широк дијапазон на можност за истражување на истите појави и процеси; преку споредувањето на податоците и информациите градење на аналитичка база заради врши критичко оценување на резултатите, оценување на нивната веродостојност, навременост и соодветност, споредување и синтеза со веќе добиените сознанија и градење на стратегии за делување спрема тие појави од аспект на меѓународната безбедност.

-        Способност за систематско и креативно справување со комплексни прашања, солидно проценување на безбедносните појави и процеси без доволно податоци и во непредвидливи ситуации, кои што вклучуваат размисли во врска со личните, општествените и етичките одговорности и примената на стекнатото знаење и разбирање.

-        Способност за синтетизирање и интегрирање на безбедносните стратеги и стратегиите од другите блиски области за решавање на комплексни проблеми како и за секојдневни ад хок ситуации во услови на кризи и кризна состојба.

-        Способност за справување со сложени прашања поврзани со кризниот менаџмент кои имаат допирни точки со другите аспекти на работењето во безбедносните организации.

-        Да доставува резултати со интегритет врз основа на способност да направи проценка на комплексни проблеми, како што се селекциски методи, програми за напредување и обука, планирање на ресурси, управување со ризици и односи во криза и кризна состојба.

-        Да споделува систематизирани информации на сите нивоа на организацијата

-        Да влијае на другите, набљудува, превзема соодветни ризици во ситуации кога има некомплетни и ограничени информации,

-        Да гради релации врза основа на доверба, што подразбира изграден личен интегритет и способност да креира организациски кодекси базирани на етички принципи со сенс за личните и општествените вредности.

 

Ø  Комуникациски вештини

-        Способност за размена на заклучоци и информации со стручни и нестручни лица за проблеми од областите на безбедноста, јасно и недвосмислено.

-        Способност за независно развивање креативна расправа за проценка на методологии и за развивање критички став за тоа, како и понудување нови хипотези во зависност од можностите.

-        Преземање значителна одговорност за работата на поединците и групите, водење и иницирање на активности во функција на примена на безбедносната теорија и практика од меѓународен аспект, заради остварување на безбедност на сите граѓаните.

-        Способност со користење на напредна технологија и вистински избор на медиум на комуникација, како и со употреба на напредни презентерски вештини да ги креира и споделува информациите јасно, концизно и навремено

-        Способност за преговарање и справување со конфликтни ситуации

-        Умешно водење на состаноци и преземање одговорност за заедничките резултати;

-        Водење и иницирање на активна комуникација, со голема свесност за бариерите на ефективната комуникација

 

Ø  Вештини на учење

-        Способност за идентификација на лична потреба од понатамошно образование и за независно делување при стекнувањето нови знаења и вештини.

-        Способност за преземање одговорност за понатамошно лично усовршување.

-        Способност за препознавање на личната и организациската потреба за понатамошно знаење.

-        Способност да креира талент менаџмент систем како подршка за стекнување на знаење и вештини во доменот на интерес.

-        Да креира политики за професионален развој , со користење на соодветни менаџмент алатки со кои ќе направи анализа на потребите.

-        Способност за правење стратегии за професионален развој на ново на организацијата како дел од безбедносниот систем за управување со кризи.


СТУДИСКА ПРОГРАМА


Водич за зимски семестар:
Водич за летен семестар: