Безбедност и евроатлантски интеграции

На Факултетот за безбедност како високообразовна институција во областа на криминалистиката, безбедноста и заштитата се спроведува високообразовна, научно-истражувачка и применувачка дејност, како и континуирано образование и обука. Со реализирањето на акредитираните студиски програми од прв, втор и трет циклус на академски студии, Факултетот за безбедност-Скопје со програмата по Безбедност и евроатлантски интеграции ќе го заокружи својот профил на специјализирана наставно-научна и истражувачка институција од областа на безбедноста (во пошироко значење) со што ги оправдува општествените потреби за нејзино усовршување и развој.

Студиската програма по Безбедност и евроатлантски интеграции ќе профилира кадри кои, во согласност со концептот на модерното универзитетско образование за непосредно поврзување на теоријата и практиката, ќе се стекнат со знаења и вештини за:
- современите трендови во евроатлантските интеграциски процеси и перспективи;
- развој на политики во сите сфери на општественото живеење поврзани со процесот на европските и евроатлантските интеграции и безбедност;
- менаџирање со проекти финансирани и поддржани од европските фондови;
- општествените противречности, конфлкти и други облици на деструкции кои го дестабилизираат и рушат политичкиот, економскиот и безбедносниот систем на Република Македонија и
- формите и начините за превентивно и репресивно делување со цел попречување и сузбивање на споменатите појави.

Мисијата на студиите е научно спознавање и обука во областа на европските и евроатлантските интеграции со етаблирање на стандарди и нормативи на Европскиот образовен систем.
Целите на овие студии се јасно детерминирани.
Посебна цел на студиите претставува: едуцирање на кадри кои ќе бидат носители на реформите во општествениот, политичкиот, безбедносниот, економскиот, социјалниот живот во Република Македонија и кои ќе бидат подготвени за соодветна и квалитетна имплементација на стандардите кои се применуваат во земјите членки на Европската унија, со цел успешно спроведување на промените, зачленување и развој на Република Македонија како членка на ЕУ и НАТО. Во процесот на преговарање за членство во ЕУ и НАТО, токму овие кадри ќе бидат носечки во интеграцискиот процес.


ПОВЕЌЕ

СТУДИСКА ПРОГРАМА