Доцент д-р Марјан Ѓуровски
На Институтот за безбедност, одбрана и мир при Филозофскиот факултет на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј„-Скопје на 05.11.2014 година по завршување на третиот циклус-доктроски студии на студиската програма Безбедност, Одбрана, Мир, модул Безбедност и со одбраната на докторската дисертација на тема „Анализа на современите теориско концепциски пристапи во креирање на безбедносната политика на Република Македонија„ се стекнува со звањето Доктор по општествени науки од полињата на безбедност и одбрана-безбедност.
Со одлука на Наставно-научниот Совет на Факултетот за безбедност во Скопје, донесена на седницата одржана на 29.01.2015  година е избран за Доцент во во научните области Друго - Безбедносни науки (51610) и Друго – Меѓународна безбедност и меѓународни односи (51610).
Како исклучително активен во евроатланските интеграции и реформите на безбедносниот сектор на Република Македонија на постдипломските студии на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј„ се одлучува да ја изработи и ја одбрани магистерската теза „Влијанието на евроатланските интеграции врз економијата на Република Македонија„.Со просек од 9,55 се стекнува со научното звање Магистер на политички науки. 
Високото образование го завршува на Институтот за безбедност, одбрана и мир при Филозофскиот факултет на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј„-Скопје со просек од 9,19. Од страна на Деканот на Филозофскиот факултет добива диплома за стекнат одличен успех. 
 
Педагошка дејност
Во периодот 2010-2014 година, д-р Марјан Ѓуровски, со одлука на Наставно-научниот Совет на Факултетот за безбедност-Скопје како соработник-асистент на Факултетот за безбедност-Скопје на Катедрата за безбедносни науки и приватна безбедност  реализирал значителна активност на планот на одржувањето вежби по повеќе предмети како: „Современи безбедносни системи“ (2010-2014), „Методика на истражување на тероризмот“, „Меѓународен тероризам“, „Полиција во заедницата“ (2010-2012 година), „Методика на истражување на пожари и експлозии“, „Безбедносни стратегии и менаџмент“ (2012-2014 година) и „Односи со јавноста“ (2012-2014 година).
 
Oпштествена дејност
Пред да биде избран во соработничко звање на Факултетот за безбедност -Скопје, има работено и како новинар од 1994 година до 2002 година занимавајќи се со истражувачка работа на безбедносните и политичките прашања во Република Македонија, во неколку национални електронски и пишани медиуми, заокружува ја дел од оваа кариера како уредник. Одлучувал во Првиот Управен одбор на Македонскиот институт за медиуми (Сегашната Висока школа за односи со јавност и новинарствот), а бил и Прв Претседател на Форумот на млади новинари, а сега е активен и во НВО „Центарот за евроатлански интеграции и демократија„. 
Во периодот 2011-2013 година бил советник за стратешки политики и комуникации на Министерот за одбрана на Република Македонија, а во 2013 година советник за стратешки политики и комуникации на Заменик Претседател на Владата задолжен за Европските прашања во Владата на Република Македонија.
Пред Факултетот за безбедност (2006-2010) работел како Советник за образование и обука и за односи со јавност во Министерството за одбрана на Република Македонија. 
За време на конфликтот во 2001 година и големата владина коалиција ја извршува должноста Портпарол на Министерството за одбрана на Република Македонија. 
Oд 2002 година до 2006 година делува во извршната власт во Република Македонија на повеќе функции. До 2004 година како Портпарол на Министерството за одбрана на Република Македонија и Раководител на одделот за односи со јавност на истото Министерство, за потоа од 2004 до 2006 година да ја извршува функцијата Советник за односи со јавност на Претседателот на Владата на Република Македонија. 
 
Стручнo-академска дејност
Ѓуровски има учествувано во организирање и реализирање пошироки активности на Факултетот за безбедност-Скопје и други институции. Во периодот 2010-2014 година, има реализирано мошне обемни и значајни активности на Факултетот за безбедност и на други институции во Република Македонија со што има дадено видлив придонес во безбедносно-одбранбената сфера и во областа на креирањето политики, како и информирањето и комуникациите.Бројни задолженија и активности кои ги извршувал:
-Помошник на главниот и одговорен уредник на меѓународното научно списание „Современа меѓународна одбрана“ и Одговорен уредник на стручното списание „АРМ во мировни мисии“ (2011/2013);
-Секретар и член на Организациониот одбор на Меѓународната научна конференција во Охрид во 2011, 2012, 2013, 2014, 2015 година, во организација на Факултетот за безбедност-Скопје;
-Секретар на заедничките студии од Прв циклус по Безбедност и финансиска контрола во 2011-2014 година;
-Секретар на Катедрата за безбедносни науки и приватна безбедност на Факултетот за безбедност-Скопје за 2012-2014 година, 2014-во тек;
-Секретар на Уредувачкиот одбор на Годишникот на Факултетот за безбедност-Скопје за 2011 година;
-Секретар на Меѓународниот годишник на Факултетот за безбедност-Скопје за 2012 година;
-Секретар на Научната тркалезна маса на тема „Безбедносни предизвици на Република Македонија во 2013 година“, на Факултетот за безбедност-Скопје, во 2013 година.
-Член на Организациониот одбор на тркалезната маса  по повод Јавната расправа за нацрт за измени на Уставот на Република Македонија, предложени од  Владата на Република Македонија, 2014 год.
-Член и секретар на Организациониот одбор на научно стручната тркалезна маса на тема “Евро-атлантските предизвици на Република Македонија: проблеми, политичка реалност, идни решенија и можности по самитот на НАТО во Велика Британија 2014,,
-Член на Организациониот одбор на првата Студентска конференција на тема „Интеграцијата на РМ во НАТО и новите безбедносни предизвици“, април, 2013.;
-Член и секретар на Организациониот одбор на Научно-стручна расправа на тема „Развојот на приватното обезбедување во Република Македонија-правни, економски и безбедносни аспекти„ 2013 год.
-Член на Рецензентскиот одбор на Меѓународното списание „Дефендологија“ на Европскиот дефендолошки центар;
-Член на Работна група за подготовка на Стратегијата за одбранбена дипломатија;
-Член на Евроатлантскиот совет на Македонија;
-Член на Програмскиот комитет на меѓународниот високообразовен и безбедносно-одбранбен проект „Летен кампус“ на ВА „Михајло Апостолски“;
-Член на Програмскиот комитет на Научната конференција „Процесот на планирање и донесување одлуки и современи операции: каде сме денес, а каде треба да бидеме утре“2011 год.;
-Член на Секретаријатот за информирање за подготовка на РМ за членство во НАТО.
-Коавтор на Белата книга на одбраната на РМ;
-Коавтор на Проектот за формирање Регионален центар за мир;
-Коавтор на студијата за подготовка и примена на системот за Оф-сет програми на РМ.
-Во сферата на информирањето и комуникациите: учесник во Работна група за подготовка на Законот за радиодифузија на РМ; Обучувач и предавач на Регионалниот тренинг центар за комуникации при МОРМ под покровителство на Швајцарија за слушатели на ЈИЕ;
 
Научна-истражувачка и апликативна дејност
 
Раководел и партиципирал во повеќе научно-истражувачки проекти од безбедносните и политичките науки. Доц. д-р Ѓуровски учествувал во работни тимови за подготовка на повеќе национални проекти, како што е суштинскиот документ за трансформација на македонската одбрана и безбедност, Стратегискиот одбранбен преглед на РМ, коавтор е на Стратегијата за информирање за подготовките на Република Македонија за членство во НАТО, а бил иницијатор, основач и предавач на Регионалниот тренинг центар за комуникации на Министерството за одбрана под покровителство на Швајцарската конферација. 
Раководел и партиципирал во повеќе научно-истражувачки проекти од безбедносните и политичките науки. Присуствувал на бројни меѓународни научни собири, меѓународни симпозиуми и конференции во земјава и странство како и меѓународни и регионални политички конференции каде учествувале премиери и претседатели на држави и др. Додека е во Министерството за одбрана на Република Македонија, учествувал во работни тимови за подготовка на Белата книга на одбраната и повеќе национални проекти, како што е суштинскиот документ за трансформација на македонската одбрана, Стратегискиот одбранбен преглед на РМ, коавтор е на Стратегијата за информирање за подготовките на Република Македонија за членство во НАТО, а бил иницијатор, основач и предавач на Регионалниот тренинг центар за комуникации на Министерството за одбрана под покровителство на Швајцарската конферација. 
Учествувал во стручно-научни проекти на ДИКАФ-Центарот за демократска демократска контрола над вооружените сили во Женева, Центарот за европски перспекти во Љубљана, Нан Сен центарот од Норвешка, Маршал центарот за студии од безбедноста во СР Германија, РАКВИАК-Центарот за безбедноста соработка на земјите членки на НАТО и Југоисточна Европа, Центарот за цивилно-воени односи, односно Белградската школа за безбедност, Евроатланскиот клуб на Македонија, Евроатланскиот форум на Македонија, Центарот за евроатлански интеграции и демократија, Институтот Отворено општество и др.
Остварил и неколку пати студиски престој во странство. Научно-истражувачката дејност покрај горенаведените активности, ја остварува и преку реализација на пленарни и секциски предавања на научно-стручни собири; одржани обуки за потребите на стопанските и нестопанските дејности; одржани предавања на семинари за потребите на домашни здруженија и федерации. Одлучувал во Првиот Управен одбор на Македонскиот институт за медиуми (Сегашната Висока школа за односи со јавност и новинарствот), а бил и Прв Претседател на Форумот на млади новинари, а сега е Извршен директор на Центарот за евроатлански интеграции и демократија. 
Говори англиски јазик, српски јазик, хрватски јазик, бугарски јазик. Има добро компјутерско познавање од Microsoft Office програмите посебно: Word, Excel, PowerPoint, Access, како и Statistica i SPSS, Internet, а се служи и со: Corel Draw Adobe Photoshop и др.


Превземи CV...