Вонреден професор д-р Наташа Пеливанова
Родена е во Скопје на 9.7.1964 година каде го завршила основното и средното образование.
Дипломирала на Правниот факултет при Универзитетот "Кирил и Методиј" во 1986 година со просечен успех 9,39.
На постдипломските студии, насока – кривично правни науки и криминологија на Правниот факултет при Универзитетот "Кирил и Методиј" во Скопје се запишала во 1987/88 година, каде во 1994 година го одбранила магистерскиот труд под наслов "Мерките за безбедност од медицински карактер задолжително психијатриско чување и лекување во здравствена установа и задолжително лекување на слобода", стекнувајќи се со звање магистер од областа на кривичното право и криминологија.
Во 1995 година го положила и правосудниот испит. Во 2008 година на Правниот факултет "Јустинијан Први"-Скопје, бранејќи го својот докторски труд под наслов "Управно судската контрола како механизам за заштита на човековите права и слободи", се стекнала со научен степен доктор на правни науки. 
Во 1988 година била избрана за помлад асистент на катедрата за кривично право и криминологија на Факултетот за безбедност и општествена самозаштита во Скопје. Во 1994 година на истиот факултет била избрана и во соработничко звање-асистент. На Факултетот за безбедност и општествена самозаштита – Скопје, работела до неговото укинување во 1996 година, кога била преземена на работа во Министерството за внатрешни работи. На 15 септември 2008 година  година   била избрана  во звањето доцент на Факултетот за администрација и менаџмент на информациски системи-Битола, за група предмети од областа на правните науки, каде работно  била ангажирана од 1.10.2008 година.  На 27.12.2012 година на Факултетот за администрација и менаџмент на информациски системи-Битола избрана е во звањето вонреден професор во научните области: 50800- Вовед во правото, 50802- Управно право и 50811- Право на Европска Унија. Од 15.9.2014 година работно е ангажирана на Факултетот за безбедност-Скопје.
Учесник е на повеќе меѓународни научни конференции.



Превземи CV...