Вонреден професор д-р Никола Дујовски
Професор д-р Никола Дујовски е роден во 1977 година во Берово. 
На Правниот факултет „Јустинијан први“ – Скопје во ноември 2011 година се стекнува со титулата Доктор на правни науки со одбрана на својата докторска дисертација на тема „Процесот на преговарање за прием во членство во Европската унија, во областите правда и внатрешни работи и заедничка надворешна и безбедносна политика“. 
Во својата долгогодишна професионална кариера, работел на повеќе работни места во Полициската академија и Министерството за внатрешни работи. Бил заменик директор во Полициската академија и шеф на кабинет на директорот, виш советник во Секторот за Европска унија во Кабиентот на Министерот за внатрешни работи, а работел и во Одделението за безбедност во патниот сообраќај во СВР Скопје. 
На Факултетот за безбедност работи од Октомври 2007 година, како помлад асистент, асистент, доцент и денес вонреден професор. На 17 јуни 2013 година е избран за продекан за настава на Факултетот.
Проф. д-р. Дујовски учествувал на повеќе од 50 меѓународни собири и меѓународни конгреси и конференции, а објавил и повеќе од 40 научни трудови во домашни и странски списанија. 
Полето во кое истражува се Европските интеграции, како и полициските науки. Активно е вклучен во соработката со повеќе меѓународни организации како CEPOL, AEPC, DCAF, OSCE и други. Се служи со англиски и германски јазик.


Превземи CV...