Историја

Факултетот за безбедност формиран е во 1977 година во состав на Центарот за образование на кадри за безбедност и општествена самозаштита (ЦОКБОС). Долги години по формирањето факултет претставува единствена високообразовна институција на територијата на поранешна Југославија со намена да едуцира кадри за потребите како на полицијата/ОВР, така и на безбедносните структури во целина.
Откако во 2003 г. беше донесен посебен Закон за Полициска академија со кој е возобновена институцијата, беше формирана матична комисија која со успех ги заврши подготвителните активности за започнување со работа на новата институција  во која факултетот беше интегрален дел. Воедно Полициската академија стана рамноправна членка на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ во Битола.
Во септември 2008 година, Полициската академија се трансформира во две посебни институции. Една од нив е Факултетот за безбедност кој продолжи да функционира како правен наследник на Полициската академија и како организациска единица на Универзитетот од Битола.