Деканатска управа

Деканатската управа има 11 (единаесет) члена. Деканатската управа ја сочинуваат Деканот, Продеканите, Раководителите на катедри, Раководителите на универзитетските студии од втор и трет циклус, заедничките студии и Центрите, избрани од страна на Наставно-научниот совет и еден член избран од Студентскиот Парламент. Во работата на Деканатската управа учествува и Секретарот без право на одлучување. Мандатот на членовите на Деканатската управа трае за периодот за којшто се избрани на нивните функции. Мандатот на членот од Студентскиот Парламент трае една академска година.