Интеруниверзитетска соработка

Како високобразовна единица, Факултетот за безбедност континуирано ја одржува и продлабочува соработката со факултети, универзитети и меѓународни вискообразовни организации во кои се изучуваат научни дисциплини од областа на безбедноста. Партнерскиот однос, базиран на потпишани меморандуми за соработка, на факултетот му овозможува да разменува студенти и кадар, заеднички да организира научни и стручни собири и да реализира воннаставни активности кои одат во прилог на подигањето на репутацијата на факултетот, универзитетот и академската средина во Р.Македонија. Досега, Факултетот за безбедност има потпишано меморандуми за соработка со:

1. Криминалистичко-полициската академија од Белград (Србија)
2. Универзитетот од Нови Пазар (Србија)
3. Полициската академија „Aleksandu Ioan Cuza“ од Букурешт (Романија)
4. Универзитетот во Белград (Србија)
5. Академија на „МВР на Р. Бугарија“ од Софија (Бугарија)
6. Факултет за безбедносни науки од Љубљана (Словенија)

Воедно, Факултетот за безбедност е членка на Асоцијација на Европски полициски колеџи (AEPC) и има соработка со Европски полициски колеџ (CEPOL) врз основа на кандидатскиот статус за членство на Репубилка Македонија во ЕУ.