Согласно Правилникот за начинот и условите за организирање на практична настава за студентите („Сл. весник на РМ“, бр. 120/10) се
организира и спроведува практична настава за студентите од Факултетот за безбедност - Скопје. Со интерна одлука, за спроведувањето на
практичната настава е назначен ментор, а за спроведената практична настава студентите добиваат потврди врз основа на кој им се пресметуваат
и заведуваат кредити во уверенијата за завршено високо образование. Практичната настава се спроведува во повеќе државни органи и институции организирано по групи за студентите од сите академски години.
Практичната настава се спроведува врз основа на претходно склучени меморандуми за соработка, а бројот на државни органи и институции има тренд да се зголемува. Во изминативе академски години, Факултетот за безбедност може да се пофали дека неговите студенти извршувале практична настава во следните државни органи и институции:
1. Полициски станици (според местото на живеење на студентот) при Министерство за внатрешни работи;
2. Управа за финансиска полиција лоцирана во Скопје;
3. Регионални центри на Царинската управа на Република Ракедонија;
4. Управата за финансиско разузнавање (поранешна Управа за спречување на перење пари и финансирање тероризам);
5. Агенција за разузнавање;
6. Црвен крст на Р.Македонија;
7. Национален координативен центар за гранично управување при Владата на Р.Македонија;
8. Регионален центар за миграции, азил и бегалци (MARRI RC), лоциран во Скопје;
9. Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот на патиштата; и
10. ЈНУ „Хидробиолошки институт“ од Охрид.
Студентите на практичната настава и практичната работа непосредно се запознаваат со практичниот начин на примена на знаењата
од повеќе области на безбедноста и се запознаваат со функцијата и надлежностите на државните органи и институции, но се вклучени и
непосредно во набљудување при решавање на конкретни безбедносни проблеми. Практичната настава се спроведува со однапред изготвен план од
страна на менторот, а во договор со партнерската институција каде студентот ја извршува практична настава. Студентите според досегашните
оценки, добиени од непосредните раководители каде спроведувале практична настава, се оценети со високи оценки, а неколку имаат добено и
посебни пофалници од наведените институции.






ЕРАЗМУС+
Презентации за изборни предмети
ОБРАЗЦИ
Жиро сметка
ЗБОРНИК НА ТРУДОВИ
ЗБОРНИК НА ТРУДОВИ ВО ЧЕСТ НА ДОЦЕНТ АНТОН РОП
Поради зголемен интерес за доставување на трудови, рокот за доставување на апстракти ќе биде: 10.12.2017
ПАРЛАМЕНТ
Каталог на изданија
Jавни набавки
Студентски сервис
АКАДЕМСКИ КАЛЕНДАР
За вработени на ФБ