• Почитувани студенти,

    практичната настава произлегува од студиските програми на прв циклус студии  на сите насоки  на Факултетот за безбедност и претставува ЗАДОЛЖИТЕЛНА активност за која се пресметуваат и заведуваат кредити во уверенијата за завршено високо образование.

    Студентите од ПРВА ГОДИНА редовни и вонредни од студиските програми Криминалист, Безбедност и Криминологија и криминална политика  практичната настава ќе ја реализираат во Полициските станици на МВР на Република Северна Македонија, во градовите на место на живеење.

    За поефикасно спроведување на задолжителната практична настава студентите од ПРВА година кои имаат запишано соодветен семесар по прв пат, од студиските насоки Криминалист, Безбедност и Криминологија и криминална политика, редовни и вонредни  ДОЛЖНИ се да го пополнат  прашалникот во кои треба да го наведат градот каде ќе ја реализираат практичната настава.

    Најпрактично е да се наведе полициската станица од општа надлежност на местото на живеење, додека во градот Скопје се наведува најблиската полициската станица од општа надлежност која е активна во општината во која сте со место на живеење.

    ПС Центар, ПС Гази Баба, ПС Петровец, ПС Аеродром, ПС Чаир, ПС Кисела Вода, ПС Драчево, ПС Карпош, ПС Бит Пазар, ПС Ѓорче Петров

    Во прилог линк за студентите од прва година

    https://docs.google.com/forms/d/e/1FAIpQLSdyHkNMaIwBezgK9rd2pwz6J7-TRn-PIvS_T6gEsqwSMF7JJA/viewform?vc=0&c=0&w=1&flr=0

    Студентите од  ВТОРА ГОДИНА редовни и вонредни  кои имаат запишано соодветен семесар по прв пат (не се на квадрат) од студиските програми  Криминалист, Безбедност и Криминологија и криминална политика практичната настава ќе ја реализираат во  Агенциите за приватно обезбедување во градовите на место на живеење.

    Сите студенти се ДОЛЖНИ  да го наведат во прашалникот градот каде ќе ја реализираат практичната настава.

    Во прилог линк за студентите од втора година

    https://docs.google.com/forms/d/e/1FAIpQLSfeYHVyvMQgsrpgIFi3oQyG0XpXWjnf31lAt_pq8XJj-aJXpQ/viewform?vc=0&c=0&w=1&flr=0

    Прашалникот треба да го пополните најдоцна до 31.05.2021 година (понеделник).