Почитувани,

Универзитетското студентско собрание на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола, на 17 април 2021 година, за прв пат во своја надлежност, го организира УКЛО ТРИВИУМ, натпревар во ораторство, за студентите од сите единици на Универзитетот.

Ве замолуваме да го активирате овој дел од студентскиот потенцијал на Вашата единица, како одлична можност студентите да ги подобруваат вештините за јавно говорење, аргументирано и структурирано изразување.

За таа цел, потребно e да се изврши анимирање на студентската популација за учество на ораторскиот натпревар, на тема:

,,Ефектот на инфлуенсерите врз обликувањето на општеството’’

Универзитетското студентско собрание во насока на поуспешна презентација и унапредување на вештините на јавно говорење и воопшто култура на говор ќе организира соодветна работилница за подготовка на ораторите како и работилница за активизам и активно граѓанство.

Најдобрите оратори ќе го претставуваат УКЛО на настанот што на ниво на Република Македонија го организира Европското движење во Македонија, по повод 9 Мај, Денот на Европа.

Конкурс