Почитувани студенти,
на 24.2.2021 година (среда) ќе се одржат избори за претседател и членови на Студентското собрание на Факултетот за безбедност-Скопје (ФСС).
Со оглед на бројноста на нашите студенти во рамките на вкупната бројка студенти на УКЛО, од особено значење ќе биде вашиот придонес во изборот на структурата на Студентското собрание.
Тоа е одлична можност да се чуе гласот на нашите студенти во телата на факултетот и на Универзитетот „Св. Климент Охридски“-Битола.
Гласањето ќе се спроведе по електронски пат. Преку апликацијата OUTLOOK на Вашите мејлови со домејн @fbuklo.onmicrosoft.com на студентите кои имаат право на глас ќе им се пратат линкови за Гласачко ливче за претседател на ФСС и Гласачко ливче за членови на ФСС.
Линковите ќе бидат активни за цело времетраење на гласањето, од 8 до 14 часот.

Со почит,

Изборна комисија за спроведување на избор на претседател и членови на ФСС