О Г Л А С

За избор на членови и претседател на студентско собрание на Факултет за безбедност – Скопје

 Се распишува оглас за избор на:

  • 10 (десет) членови на студентското собрание на Факултет за безбедност – Скопје и
  • 1 (еден) претседател на студентското собрание на Факултет за безбедност – Скопје.

Право да се пријават за членови на факултетското студентско собрание имаат сите студенти на Факултет за безбедност – Скопје кои се запишани на студии во академската 2020/2021 година.

Право да се пријават за претседател на факултетското студентско собрание имаат сите студенти на Факултет за безбедност – Скопје кои се запишани на студии во академската 2020/2021 година.

Мандатот на избраните членовите на факултетското студентско собрание и на претседателот на факултетското студентско собрание трае 1 година и започнува од денот на изборот.

Гласањето за избор на членови и претседател на факултетското студентско собрание ќе се одржи на ден 24.02.2021 година, од 08,00 до 14,00 часот, електорнски на една од платформите.

Кандидатите за членови и претседател на факултетското студентско собрание поднесуваат:

– електронска пријава (објавена на интернет страната на факултетот)

Огласот трае 7 (седум) дена од денот на објавувањето на огласната табла и на веб страната на Факултетот за безбедност – Скопје, почнувајќи од 26.01.2021 година.

Пријавите по огласот се поднесуваат најкасно до 01.02.2021 година, до Изборната комисија, преку архивата на Факултет за безбедност – Скопје, или по електронски пат на следнава меил адреса fbs@fb.uklo.edu.mk

ПРИЈАВА За избор на членови на факултетското студентско собрание

ПРИЈАВА За избор на претседател на факултетското студентско собрание