Младински образовен форум (МОФ) е младинска заедница која создава простор за дебата, слободно изразување и младинско организирање, охрабрува активизам, ги штити и унапредува младинските права и политики. МОФ ги остварува своите цели преку информирање, едукација, дискусија, соработка и преку мотивирање и поддршка на младите. МОФ во рамки на проектот „Студентска перцепција за дискриминација“, поддржан од Фондацијата Отворено општество – Македонија, има за цел да спроведе истражување со цел да се актуелизира и намали дискриминацијата во високото образование.
Анкетата, наменета за истражување на студентската перцепција во однос на дискриминацијата е дизајнирана да ни помогне да стекнеме разбирање, запознавајќи се со перспективите и искуствата на нашата заедница поврзани со различноста, правичноста и вклученоста.
Собраните податоци ќе се користат за разбирање на моменталната клима во универзитетските кампуси. Вашето учество и одговори ќе бидат строго доверливи и нема да бидат дел од какви било академски, медицински или дисциплински записи. Нема да се пријавуваат информации за индивидуално препознавање. Ова истражување е целосно доброволно. Не мора да учествувате во оваа анкета и – доколку одлучите да учествувате – може да го прескокнете секое прашање на кое не сакате да одговорите и може да го прекинете истражувањето во кое било време.

https://docs.google.com/forms/d/1h_RP5AwAvjETMPcGRqDeJDXAt-05Qtwc8ua1ANVq9iY/edit

Со почит,

УКЛО