Вовед во полициски науки |
Вооружување и опрема –задолжителна академска способност |
Вооружување и опрема |
Кризен менаџмент |
Меѓународна полициска соработка |
Д-р Раде Рајковчевски е роден на 3.5.1979 година во Скопје. Средното образование го завршува во ДУСО „Орце Николов“ во Скопје. Во академската 1998/99 година се запишува на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“ во Скопје, дипломира со просек 8,22 и во 2002 година се стекнува со звање Oфицер на Копнената војска. Во академската 2006/07 година се запишува на последипломските студии на Полициска академија (сегашен Факулет за безбедност-Скопје). Последипломските студии ги завршува со просек 9,13, а во мај 2010 година магистрира на тема „Елементи на безбедносната политика во функција на превенција на конфликти во Република Македонија“ и се стекнува со академскиот степен Магистер по криминалистика и криминологија. Во септември 2013 година докторира на тема „Развој и перспективи на меѓународната полициска соработка во Европа“ на Факултетот за безбедност-Скопје и со тоа се стекнува со научен степен Доктор на науки од областа на безбедноста.
Во поглед на работното искуство, д-р Раде Рајковчевски во периодот од 2002-2003 година работи како офицер во Армијата на Република Македонија, а во периодот 2004-2005 година работи во доменот на цивилната заштита во Република Франција. Од февруари 2006 година работи на Факултетот за безбедност-Скопје како помлад асистент и како асистент на предмети од Катедрата за полициски науки, а на крајот на 2013 година е избран за доцент во научни области од Катедрата за полициски науки и од Катедрата за безбедносни науки и приватна безбедност.
Д-р Рајковчевски е истражувач во проектите COMPOSITE: Comparative Police Studies in the EU(2010-2014) финансиран од ФП7 програмата за безбедност на ЕУ, во проектот ACHELEOUS: Action of Contrast to Hydraulic Emergency in Local Urban Site (2014-2015) од програмата за хуманитана помош и цивилна заштита на ЕУ (ECHO) и во други национални истражувања. Автор е на над дваесет трудови од областа на безбедноста објавени во Република Македонија и во странство.
Д-р Рајковчевски зборува, чита и пишува француски, англиски, српски и хрватски јазик. Исто така, одлично ги познава апликациите на Microsoft Office и останатите апликации на Microsoft Windows и активно ги употребува статистичките софтвери Statistica и SPSS.