д-р Александар Иванов е роден на 19.08.1986 година во Скопје. Средното образование го завршува во ДСЕПУ „Васил Антевски – Дрен“ во Скопје. Во 2005/06 година се запишува на Полициската академија во Скопје, дипломира со просек 9,66 и во 2008 година се стекнува со звање Дипломиран криминалист.
Во учебната 2008/09 година се запишува на последипломските студии на Полициската академија (сегашен Факулет за безбедност). Последипломските студии ги завршува со просек 9,33, а во мај 2011 година магистрира на тема „Инспекциски надзор во заштита на животната средина во Република Македонија – со посебен осврт на Државниот инспекторат за животна средина“ (73 869 зборови) под менторство на вон. проф. д-р Искра Аќимовска – Малетиќ.
На 17.10.2013 г. кандидатот Иванов успешно го одбрани докторскиот труд на тема „Заштитата на животната средина во остварување на безбедноста во Република Македонија – теоретски, нормативни и институционални аспекти“ (112 175 зборови) на Факултетот за безбедност-Скопје и со Одлука од 17.10.2013 година се стекнал со научен степен доктор на науки од областа на безбедноста под менторство на вон. проф. д-р Марина Малиш – Саздовска.
Покрај наставно- образовниот процес д- р Александар Иванов активно бил вкл учен во научно- истражувачкиот процес при што учествувал ка ко истражувач на повеќе дома шни и меѓународни истражувања. Исто така д-р Александар Иванов во текот на неговото стручно и научно усовршување посетувал и активно се вклучувал во повеќе проекти, работилници, учествувал со свое учество и излагање на домашни и меѓународни конференции.
На 31.01.2014 г. Иванов е избран за доцент во полето „Безбедност“, научна област „Друго“ (51 610).
д -р Александар Иванов солидно зборува, чита англиски и српски јазик. Разбира бугарски јазик. Исто така одлично се користи до Microsoft Office, Microsoft Windows (XP, Vista, 7, 8) системот и активно ги употребува статистичкиот софтвер SPSS.